Радио Милева леген и бокал за триптих

Констракта пред „Евровизија“ на посета кај патријархот Порфирије: Таа нему му донесе необичен подарок, тој неа и подари уште понеобичен (ФОТО)

Констракта пред „Евровизија“ на посета кај патријархот Порфирије: Таа нему му донесе необичен подарок, тој неа и подари уште понеобичен (ФОТО)

Претставничката на Србија на годинешната Евровизија, Ана Ѓуриќ – Констракта го посети патријархот Порфирие и по тој повод му ги подари мошне необичен подарок: своите сценски реквизити – леген и бокал, а за возврат доби вреден подарок од него.

Констракта на своите приказни на Инстаграм сподели заедничка фотографија со патријархот на која си ги разменуваат подароците.

„Имав чест да дадам и да добијам на подарок триптих. И задоволството да се слушне и да се разбере приказната за потенцијалот на граничната ситуација, за поддршка и почит – напиша Констракта.

Таа симболично од патријархот доби икона од три дела, која претставува триптих, исто како што е насловен и нејзиниот албум „Триптих“ на кој е вклучена песната „In corpore sano“ со која ќе настапи на Евровизија 2022 во Торино, Италија.

Фото: Инстаграм принтскрин/konstrakta

To top