Ивана Николиќ, членката на атрактивните „Ураганки“ го прослави својот 27 роденден, а како и секогаш за оваа пригода го одбра „бомбастично“ издание… И тоа во секој поглед. И кога е нејзиниот аутфит во прашање, но и кога се работи за роденденската торта!
Ултра кусо фустанче што едвај го покрива задникот, со длабоко деколте до папокот и сандали со високи потпетици на долгите нозе, никогаш и никого не ги оставија рамнодушни сите присутни.
Таа цела ноќ уживаше во друштво на најблиските пријатели и лудо се забавуваше задно со нив.
Забавата во еден од локалите во главниот град траела до доцна во ноќта, а пејачката ги прегрнала пријателите, се радувала и уживала во нејзината роденденска ноќ.
Посебно внимание привлече и тортата во форма на бомба на која пишува „Бум“, а се вклопува и со изгледот на роденденската славеничка, за која сите велат дека е вистинска секс бомба.
Сексапилната “ураганка“ наместо свеќички, го дуваше фитиљот на чоколадната „бум-бум торта“, која потоа ја пресече, по што атмосферата „експлодира“!
Ивана никогаш не изгледала подобро, а ниту насмевката не ја симнаувала од лицето… како што од неа дел од гостите во локалот не го симнуваа погледот!
Фото: Инстаграм принтскрин/ivana_boom_nikolic