Радио Милева „Не сум удрил жена!'

Му била загрозена кариерата и трпел финансиски загуби: Џони Деп на суд се бранеше од наводните невистини дека е насилник (видео)

Му била загрозена кариерата и трпел финансиски загуби: Џони Деп на суд се бранеше од наводните невистини дека е насилник (видео)

Деновиве се случуваат неколкуте судски рочишта во кои актерот Џони Деп е тужен од поранешната сопруга Анбер Херд која своевремено се изјасни дека тој физични ја нападнал во нивниот дом.

Иако тоа се случи одамна, нивните заплеткани конци никако да се одмрсат.

Овој пат, повод за нивниот судски спор е неговата тужба против неа.

-Мојата цел е вистината, истакнал Џони Деп на почеток од својот исказ кој потоа говорел за свое детство и физичкото злоставување кое тој и неговите браќа и сестри го трпеле од нивната мајка.

За време на сведочењето тој ја кажал и својата страна за насилството во бракот во Амбер, за кое таа тврди дека постоело.

-Никогаш не сум дошол до точка да ја удрам госпоѓата Херд на било кој начин, ниту сум удрил некоја жена во мојот живот, вели Деп кој не негирал дека тој и Амбер имале несогласувања и кавги.

Деп ја обвини порашната сопруга дека „лажно го прикажала како насилник во семејството“ во текстот кој бил објавен во Вашингтон пост во 2018 година.

Иако во текстот Деп не се споменува со име и презиме, актерот тврди дека по неговото објавување му била загрозена кариерата поради што трпи финансиски загуби, а по 15 години бил исклучен и од идните филмови од серијалот „Пирати од Карибите“.

фото:принтскрин/јутјуб

To top