Српската пејачка Милица Павловиќ пораснала со своите баба и дедо и тоа е една од причините зошто тие се најважните личности во нејзиниот живот.
Пејачката открива дека по смртта на дедо и пред неколку години, таа се грижи за својата баба која за жал, има Алцхајмерова болест. Открива дека нивниот однос поради болеста е променет и дека тоа пејачката многу тешко го поднесува.
“Тоа за мене во моментов е најболната тема во животот. Болеста зема замав. Срцето и душата ме болат што мојата баба не ме препознава. Таа е моето злато, мојата душа, моето се’ на светот и многу е страшно кога при секое гледање со неа морам одново и одново да се запознавам и да се обидувам да ја потсетам која сум. Дека сум ќерка на нејзиниот син, нејзина внука. Нејзината Милица, нејзината пејачка, открива српската фолк ѕвезда.
Додава дека самиот факт што доживеала некој кој и е најважен на светот да е дементен, вели е многу тежок и потресен.
„При секоја наша средба се обидувам да допрам до неа, да се присети дека сум нејзината Милица, но секоја нова средба ги носи истите моменти. Сепак, тогаш кога ќе се сети, кога ќе ме препознае, тоа е непроценливо и не можам да опишам како чувство се буди во мене, како ме бакнувам, прегрнува. Секој збор кој ќе ми го упати за мене е голем како целиот универзум“ – додава Милица.
Фото: Инстаграм принтскрин/senoritamilica/story