Дека љубовта не бира ниту место ниту време, доказ е холивудскиот актер Мет Дејмон. Неговата љубовна приказна е многу специфична и несекојдневна.
Мет Дејмон ужива во љубoвта со Лузијана Баросо, а нивната љубовна приказна налик на бајката за „Пепелашка“ сите ќе ве воодушеви. Тие живеaт мирно и повлечено, не ги сакаат светлата на рефлекторите, а денот од нивната венчавка поминал речиси незабележано.
Холивудскиот актер ја запознал својата сопруга случајно и таа средба била судбинска.
Дејмон во 2003 година во Мајами снимал филм кој требало да се снима на Хаваите, но одлуката била променета во последен момент.
„Требаше да снимаме на Хаваи, а потоа филмот беше преместен за во Мајами. Тогаш, една вечер среде снимање, неколку момци од екипата рекоа: Ајде да одиме на пиво. Јас кажав: Не, не сум баш за тоа. Но, некако ме предомислија и отидовме“, истакнал актерот.
Тоа била љубов на прв поглед, а Лузијана не давала интервју до 2018 година кога првпат проговорила за магазинот „Vogue“.
„Ја видов во преполната просторија. Не знам како би ни се вкрстиле патиштата доколку не се случеше тоа“, заклучил актерот.
„Јас бев келнерка, тој таму снимаше филм и екипата една сабота навечер заврши во барот. Приказната на Мет е дека ме видел на друга страна од просторијата баш кога имало некаква светлина врз мене. А, јас на тоа реков: Нормално, тоа беше ноќен клуб, имаше светла насекаде. Луѓето тогаш почнаа да го препознаваат и да бараат да се фотографираат со него, а потоа стана малку агресивно затоа што луѓето пијат и слично, па дојде и се скри зад мојот шанк“, раскажала Лузијана.
Таа тогаш му рекла на Дејмон дека не може таму да стои и да не прави ништо, а поради тоа што актерот бил обучен и за бармен за потребите на некој филм, почнал да прави пијалаци и заработил голем бакшиш.
Потоа ја повикал на пијалак, а Лузијана не сакала поради тоа што сакала да го помине времето со својата ќерка. На Дејмон многу му се допаднало тоа што таа има дете и што тоа ѝ е приоритет.
Тие се венчале во 2005 година и потоа добиле три ќерки. Мет својата љубов ја покажа и наначин што ги тетовираше имињата на трите ќерки и сопругата.
фото:профимедиа