Радио Милева Фолк-дивата се разнежни

Блага Петреска со хитот „Што ми вреди“ за сите несреќно вљубени жени

Блага Петреска со хитот „Што ми вреди“ за сите несреќно вљубени жени

За неа ќе речат дека е “македонската Тереза Кесовија“, и нема да згрешат. Тоа е нашата легендарна Блага Петреска, која ја започна својата кариера токму со забавните песни и токму со „Четири фустани“, една од песните на Тереза, која ѝ е омилена пејачка, со сличен медитерански темперамент. Потоа Блага, некако спонтано, а не од интерес и за поголема заработувачка, премина во водите на фолкот, постигнувајќи ги најголемите успеси во кариерата. Испеа грст незаборавни фолк-песни, а голем дел од нив кокетираат со шлагерската музика, која ѝ остана на Блага во срцето. Една од тие песни за кои слободно може да кажеме дека потсетува на шлагер е хитот „Што ми вреди“, настанат во далечната 1993 година. Композитор е Миле Барбаровски, а текстот е на неговиот брат Ѓорѓи Барбаровски („…што ми вреди што те имам како гранка листот зелен, кога гради страв ми седи, кога само бол ме следи, што ми вреди, ах што ми вреди…“).

„Што ми вреди“ настана во далечната 1993 година. Композитор на песната е Миле Барбаровски, а текстот е на неговиот брат Ѓорѓи Барбаровски („… што ми вреди што те имам како гранка листот зелен, кога гради страв ми седи, кога само бол ме следи, што ми вреди, ах што ми вреди…“). Деновиве, Блага носталгично ги потсети своите фанови преку видеоприказната за оваа емотивна песна!

Деновиве, Блага носталгично ги потсети своите фанови преку видеоприказната за оваа прекрасна песна (во продукција на МТВ). Блага е облечена, би рекле, пролетно, иако времето повеќе личи на зима, во долг цветен лелеав син фустан, кој одлично ѝ прилега на една вистинска естрадна дива. За пеењето нема потреба да дискутираме, бидејќи многу добро знаеме каков моќен и специфичен глас има таа. На оние што се обидуваат да ѝ го обезвреднат сето тоа, навистина ништо не им вреди. Тоа им е испукан куршум во празно. Па, иако не е некоја нова песна, Блага и со старата, проследена со видеото, постигна полн погодок! Дури и пораката на Блага е преполна со емоции: „Ајде малку лек за душата на несреќно вљубените жени!“

Извор: Вечер.пресс/Д.М.

 

To top