Таа ја сака провокацијата, а според фотографиите, секогаш е подготвена да ја покаже. Mакедонската фолкерка со српско потекло и бугарска адреса на живеење и работење, на сите свои фотографии изгледа атрактивно и неодоливо секси. Постирајќи ги на своите профили на социјалоните мрежи, русокосата покажува врвен сексапил, кој љубителите на женската убавина не ги остава рамнодушни.
Пејачката не крие дека вештината за трансформација и умешноста да се биде поинаква е многу важна за изведувачите. Тоа го потврди со проектите што досега и ги претстави на бугарската публика.
Последната песна и видеото со наслов „Жестока“ ја откриваат Марина Тошиќ, онаква каква што е и сака да биде: разголена, згодна и ултра сексапилна, пожелна, неодолива, неизбежна… Жестока во секој поглед! А тоа го покажува како на своите видеоспотови, така и на настапите по ноќните клубови не само низ Бугарија, туку и ширум Балканот… па и во Македонија!
А Марина „дома“ беше деновиве… И само што стапна на македонско тло, атрактивната русокоса се соочи со топлото време, па реши да се освежи. Застана на првата бензиска пумпа и си купи сладолед… На стапче! Па Марина толку слатко го лижеше, како да е мед, првиот годинешен сладолед, така што убавото момиче не можеше да го сопре немирното јазиче… да не остане надвор!
Откако се освежи, продолжи во правец кон Охрид…
Како и секогаш дотерана, атрактивна, згодна, секси… Марина заврши на вечерен настап заедно со групата „Бумбари“ во еден познат охридски ноќен клуб!