Радио Милева естрадно-фудбалски љубовни врски

Сите зборуваат за Анастасија и Гудељ, а еве кои други пејачки уживаат во љубовта со фудбалери (ФОТО)

Сите зборуваат за Анастасија и Гудељ, а еве кои други пејачки уживаат во љубовта со фудбалери (ФОТО)

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ започна романса со  српскиот фудбалски репрезентативец Немања Гудељ, откако ја раскина петгодишната врска со Ѓорѓе Куљиќ.

Инаку, ова е само уште една во низата врски меѓу пејачка и фудбалер. Многу пејачки уживаат во љубовта со спортистите, а врската меѓу овие две професии е многу силна.

Катарина Каќа Грујиќ пред две години го заведе фудбалерот на Црвена звезда Марко Гобељиќ со кој доби и ќерка.

„Марко си има работа, спортист е, не треба да се појавува на естрадата. За тоа се договоривме. Така ќе остане. Не се криеме, не сме се криеле досега. Сега е на одмор и сега сме тука заедно“ – изјавила Каќа на почетокот на романсата.

Фолк пејачката Тамара Милутиновиќ ја прекина врската со фудбалерот Дарко Јевтиќ по раскинувањето со композиторот Сашко Николиќ. Тие двајца на почетокот ја криеја врската, тој сега редовно објавува нивни фотографии, но и приредува и изненадувања.

Каја Остојиќ веќе извесно време живее во Франција со своето момче, фудбалерот Матео Павловиќ.

„Што се однесува до Матео, навистина не можам да се пожалам. Што да се каже, преубаво е“ – изјавила пејачката.

Сандра Африка со години уживала во врската со Владимир Волков, но поради изневерувањето ставила точка на нивната љубов.

„Можам да простам измама. Едноставно јас сум таква, кога некого многу го сакам, тогаш му простувам. Некој во тие ситуации знае да каже крај и толку, но јас знам да простам. И ако, еднаш некому му простиш, види дека може, така ќе се случи уште еднаш, и уште еднаш, и уште еднаш… Крајот на сето ова ќе биде којзнае кога“ – изјави тогаш пејачката.

Пејачката Сања Ѓорѓевиќ ја чува својата приватност подалеку од очите на јавноста, па малкумина знаат дека нејзиниот сопруг е поранешниот фудбалер Петар Перица Ѓорѓевиќ.

„Се забавувавме неколку месеци, случајно се запознавме преку мојот пријател. Перица на почетокот ми беше грд, но подоцна се заљубив во него. Една вечер седевме во кафуле и ми рече да одам кај него да спијам. Не знам ни како ме убеди на крај да останам. Меѓутоа, мајка му рано наутро, уште пред да станам на целото семејство во Сараево му кажа дека нејзиниот син се жени и се разбира, им кажа на моите родители кои се шокираа кога го слушнаа тоа. После тоа не можев да се вратам“ – изјави Ѓорѓевиќ, кој своевремено од бракот со Перица ја доби ќерката Ивана.

Пејачката Славица Ќуктераш со години беше во брак со фудбалскиот голман Владимир Аврамов, но се разведоа.

фото: принтскрин/инстаграм/raznatovicanastasija/sandraafrika/kaya_ostojic/katarinagrujic.doll

 

 

To top