Радио Милева болка што вреди...

Во видеата „грмеше“ но, кога се соблече цела беше со модринки, расеченици и гребаници (ФОТО)

Во видеата „грмеше“ но, кога се соблече цела беше со модринки, расеченици и гребаници (ФОТО)

Пејачката Милица Павловиќ  објави нов албум, а песните за 48 часа собраа речиси 10 милиони прегледи на Јутјуб.

Атрактивната пејачка за секоја песна снимила по еден спот, а  при снимањето се здобила со полесни повреди, ама сепак непријатни и видливи.

Таа на инстаграм откри дека се здобила со модринки и исеченици додека ја вежбала кореографијата и снимала видео за песната „Шеќер“.

„Ја гледам изведба за песната „Шеќер“ и ми изгледа толку убаво и лесно од оваа перспектива… Но, погледнете подолу како изгледаше моето тело откако ја изведов оваа ‘лесна кореографија’ десетина пати… Модринки, гребаници,  болки… Но, би  повторила се’ повторно, одново и одново… Кога ќе видам колку љубов и добра енергија ми испраќате! Сѐ за вас! Ви благодарам до небото“ – напиша Милица и ги покажа сликите од повредите.

Фото: принтскрин/инстаграм/senoritamilica

To top