Радио Милева здрава промена

Марија Шерифовиќ се топи како снег на оган: Ова е нејзината „магична диета“ која прави чуда! (фото)

Марија Шерифовиќ се топи како снег на оган: Ова е нејзината „магична диета“ која прави чуда! (фото)

Марија Шерифовиќ ослабе три килограми за само пет дена, па сега пејачката  има нов проблем! Целата гардероба преку ноќ и станала преголема!

„Кога отидов да го пробам костимот за последниот концерт во Белград,  ми беше огромен! Кројачот повторно ми ги измери сите облини и испадна дека обемот на стомакот, половината и нозете ми се намалени за четири и пет сантиметри, што е фантастично. Секогаш сум среќна кога слабеам“ – вели поп-ѕвездата, која веќе две години е на специјална диета, со која ја одржува линијата.

„Секогаш сум гладна. Ми се случува да огладнам среде ноќ, па го отворам фрижидерот само да најдам нешто интересно, што и да е…“- искрена е Марија.

Иако е голем гурман, Марија не сака да подготвува храна,  за тоа е задолжена нејзината мајка.

Ова е ненито на Марија Шерифовиќ:

Појадок:

Палента или овесна каша со овошје

Ручек:

Плескавица од лосос или говедско месо

Вечера:

Цезар салата или јогурт со чиa семки

 

фото:принтскрин/инстаграм/serifovic

To top