Радио Милева

Дајан Кругер во фантастична безвременска комбинација од „Сен Лоран“

Дајан Кругер во фантастична безвременска комбинација од „Сен Лоран“

Актерката Дајан Кругер неодамна беше гостинка во шоуто на Џими Кимел, а поводот беше ппретставувањето на првата сезона на нејзиното тв-шоу „Swimming With Sharks“.

Но, она за што зборуваат модните магазини е нејзиниот стајлинг.

Таа се појави во одлична модна комбинација со парчиња од „Ив Сен Лоран“. Црни класични панталони, во комбинација со темен корсет и кратко карирано палто – безвременска, а модерна естетика.

За комплетниот ефект придонесуваат и нејзината фризура во стилот на „Стар Холивуд“ и накитот, а секако и црвениот кармин како неизбежен моден детаљ.

Инаку, 45-годишната актерка за својот изглед веќе долги години соработува со стилистката Кејт Велч, која и овој пат се погрижи таа да изгледа беспрекорно.

To top