Грозоморното убиство на хрватскиот ракометар Денис Тот пред познатата скопската дискотека ја шокираше и згрози не само целата македонска, туку и јавноста во регионот. Неповратно загубен млад живот, во насилнички акт во кој бруталноста и суровоста го надвалдуваат здравиот разум и логика, за банална причина пред очите на довлно очевидци, кои мирно следат како момчето кое не се ниту обидува да се брани, неколкумина „го масакрираат“!
При тоа јвноста се замајува, институциите се обидуваат да „маткаат“, да ја кријат и заташкуваат вистината во првите часови од настанот, за клопчето да почне да се отплеткува кога веќе е доцна, кога младиот живот на ракометарот згаснува подлегнувајќи им на последиците!
И додека обвинетите, директни учесници во крвавиот настан се отпосле лишени од слобода, а некои дури неколку дена потоа, сега ја чекаат казната, сите очи на јавноста, и македонската и регионалната, се вперени во правдата, која за жал, најчесто е таква, каква што е кај нас – никаква, „килава“! Каква што е и довербата во неа и во оние што ја спроведуваат во дело – очајни 8%!
Од друга страна тоа имплицира во нешто друго, нешто што се нарекува општа несигурност, страв, паника за сопствената безбедност кога ќе излезете во ноќен живот во македонската престолнина или своите деца ќе ги пуштите навечер да се забавуваат. Со еден збор „сомнеж во системот“ кој е или „рака под рака“ со криминалот и подземјето или е толку „килав и неспособен“ што никако не може да се справи со него! Трето нема, зашто да имаше, сцените на брутално убиство од безбедносните камери ќе ги гледавме само на филмови, а не како нешто што ни се случува овде нам, пред очи!
Дека ноќниот провод и вечерното излегување во македонската метропола станува „лотарија“, ризик и „коцка со животот“, потврдуваат и оние кои се или треба да се дел од него, а се медиумски и јавни личности.
Меѓу нив и македонската ријалити ѕвезда и топ модел Елеонора Миљковиќ која јавно згрозена од „немилиот настан“ и ноќниот живот во Скопје, со толку реален статус на своите Инстаграм приказни, можеби најдобро ја опишала ситуацијата, за каков „руски рулет“ се работи кога ќе отседнеш во некој од скопските ноќни локали, клубови и дискотеки. Не во сите се разбира, иако стравот за сопствената безбедност секаде те демнее.
Нора е само една од многуте млади луѓе што дури и со пример од сопственото искуство ја потврдува приказната дека Скопје во тој поглед оддамна почна да наликува на Белград од почетокот на 90-ите.
Од времето на Кнеле, Гишка, Багзи, Љуба, Кристијан, Аркан… и останатите од криминално-мафијашкото подземје содржани во познатиот документарец: „Видимо се у читуљи“ („Се гледаме во некролог“)!
За жал, во истиот тој наш скопски, па и македонски некролог, се’ повеќе и почесто ги гледаме ликовите на млади, невини луѓе. Додека ликовите на оние кои ги плаќаме од сопствениот џеб, меѓудругото да се грижат за системот и нашата безбедност, ги гледаме само на ТВ, како и понатаму не убедуват дека… „блескаме“!
Фото: Инстаграм принтскрин/__elle.m__