Шантел Џефрис прошетала на плажа во Мајами, а како и секојпат, така и овојпат таа ги привлекла сите погледи на присутните. 29-годишната диџејка и модел била вистинска сензација во портокалово минијатурно бикини.
Бикинито кое го носела ги истакнало нејзините облини, но и стомачните мускули, а одличниот изглед го должи на напорните тренинзи во теретана.
Честопати, Џефрис е фотографирана од страна на папараците пред или по тренинг, а токму поради напорното вежбање има тело кое гордо го покажува на плажа.