Кога станува збор за неговите планинарски подвизи, кардиологот и академик Сашко Кедев испиша историја.
Имено, пред два дена тој се искачи на Даулагири, планина од планинскиот венец Хималаи, која со својата надморска висина од 8167 метри претставува седмата највисока планина на светот. Покрај него, на врвот се искачија и 21 член од експедицијата, предводена од тимот на „Мингма Џи“, известија од „The Himalayan Times“.
Mingma G and team make season’s first summit of 8,000-metre mountain. https://t.co/5gwkT5l4UN
— Everest Today (@EverestToday) April 9, 2022
Како потсетување, Кедев ги има освоено највисоките врвови на сите седум континенти, меѓу кои и највисокиот врв на светот – Монт Еверест, во 2009 година. Минатата есен, кардиологот ја искачи и планината Манаслу, која со својата надморска височина од 8156 метри, претставува осма највисока планина во светот.
Фото: Твитер, Ганка Цветанова