Комичарот Крис Рок прокоментира дека откако Вил Смит му удрил шамар на Оскарите, „конечно му се вратил слухот“. Ова комичарот го изјави на настап во Палм Спрингс, Калифорнија, а веста ја објави тамошниот локален портал „Desert Sun“.
„Добро сум, го имам целото шоу и нема да зборувам за тоа додека не ми платат. Животот е добар. Конечно ми се врати слухот“, изјави Рок.
Смит го нападна затоа што се пошегува на сметка на Џејда
Да потсетиме, откако Вил Смит физички го нападна Крис Рок за шега на сметка на Џејда Пинкет Смит, актерот самоиницијативно поднесе оставка од Академијата, која потоа му забрани пристап на Оскарите на 10 години. И додека Вил Смит им се извини на Рок и на Академијата, комичарот досега не го коментираше настанот.