Прославената манекенка и некогашниот ангел на „Викторија сикрет“, преку ден се движи во лежерни изданија…
Алесандра Амбросио важи за една од најубавите манекенки на денешницата и е честа мета на папараците кои очигледно не ѝ пречат – без двоумење ги покажува секојдневните комбинации, истакнува лице без шминка и природна убавина.
Фотографирана на паркинг во Лос Анџелес, Бразилката носи кошула и шорцеви, а оваа лежерна комбинација ја искомбинирала со патики и чанта.
Алесандра на 11 април полни 41 година, а во неколку наврати нагласи дека „не пропушта тренинзи, како и режимска исхрана и медитација“.
За потсетување, таа со поранешниот партнер Џејми Мазур имаше две деца, ќерката Ања Луиз и синот Ноа Феникс, а после десет години под ист покрив, во 2018 година решиле да ја раскинат свршувачката и секој да тргне по својот пат.
фот: celebmafia.com