Фотографија стара два-тринаесет години… Направена со тогаш многу популарниот детски радио и ТВ Водител Ивце-„Пивце“ (Ивица Маринковиќ) за време на снимањето на една од неговите популарни детски емисии.
Тогаш оваа симпатична „штрбавка“ имала 4-5 години и му била гостинка на познатиот водител, а денес слободно тој може да и биде гостин на не кој од нејзините настапи, зашто во меѓувреме, ова малечко срамежливо девојче прерасна во висинска убавица и млада македонска музичка ѕвезда.
А меѓу ѕвездите стигна преку „Ѕвездичките… оние, на „Пинк“. Таму израсна пред камерите и ја стекна својата првична популараност, за со текот на годините и созревањето да прерасне во вистинска музичка ѕвезда која е ултрапопуларна, особено меѓу тинејџерската генерација која растеше со неа и на која таа и припаѓа.
Ако се уште не можета да одгатенете која е малата , слатка „штрбава убавица“ од фотографијата, време е е да ви откриеме дека се работи за Мартија Станојковиќ.
Младата кумановка која неодамна стана полнолетна и го прослави својот 18-ти роденден.
Иако сега веќе „голема“ и формално способна сама за себе да одлучува, мама Снежана и во роденденската честитка на својата ќерка Мартија и порача на дека колку и да е сега „своја“, сепак да внимава што прави и премногу да не се опушта, оти и понатаму таа будно ќе ја следи… И сака, зашто една е мајка!
Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/martijastanojkovic/stanojkovicsnezana70