Пред да стапи во брак со Жељко Јоксимовиќ, Јована пет години беше во врска со Александар Зеремски, некогашен директор на БК телевизија, но свршувачката не беше крунисана со брак, бидејќи Јована се одлучи за Жељко.
Зеремски потоа почна врска со поп пејачката Александра Радовиќ, а се реализираа и како родители на ќерка.
Но оваа врска никогаш не беше официјализирана.
Александар по раскинувањето со Радовиќ, конечно ја најде вистинската и тоа на 50 годишна возраст реши да каже „да“.
Неговата избраничка е помлада две години, а станува збор за Дивна Љубојевиќ, позната интерпретаторка на духовна музика.
Како што пишуваат српските медиуми, двојката ќе се заколне на вечна љубов на 13-ти мај во присуство на најблиските членови на семејствата и пријателите.