Шамарот кој Вил Смит му го удри на Крис Рок на доделувањето на Оскарите, се чини дека полека остава последици врз кариерата на славниот актер.
Смит сам отстапи од Академијата, но тој потег беше главно од симболична природа.
Од друга страна, шпекулацијата која ја претставува „The Daily Beast“ која го вклучува односот помеѓу актерот и неговите агенти, би можела да биде многу посериозна.
За и против
Имено, според пишувањата на овој медиум, агенцијата „CAA“ (Creative Artists Agency) сериозно размислува за прекин на соработката со Смит. Наводно во агенцијата постојат „струи“ кои се во конфликт по ова прашање. Така, Ричард Ловет, еден од најважните луѓе во агенцијата кој лично го застапува Вил Смит, сака актерот да остане кај нив, но има многумина кои би сакале да ја прекинат соработката.
Факт кој на Вил Смит сигурно не му оди во прилог е дека „CAA“ наскоро ќе ја преземе конкурентската агенција „ICM“, која го застапува Крис Рок.
А од рака не му одат ни некои други околности од минатото на агенцијата и светот на шоубизнисот.
Пред неколку години, „CAA“ се најде во проблеми поради скандалот со Харви Вајнштајн, кој е обвинет за силување. Во еден момент, агенцијата дури издаде и соопштение во кое се извинува. Поради ова, можно е агенцијата едноставно да заклучи дека нема потреба да ризикува со уште еден лош маркетинг.
Агенциите и претходно раскинуваа договори со актери поради слични причини. Пред 10 години, „WME“ го раскина договорот со Мел Гибсон поради неговите непристојни јавни настапи, а своевремено „раскрстија“ и со режисерот и продуцент Брет Ратнер поради наводите за сексуално вознемирување.
За потсетување, по скандалот на Оскарите, „Netflix“ и „Sony“ ги одложија претстојните проекти со Вил Смит.