Познатата пејачка ги изненади сите појавувајќи се на настап во ‘street style’ комбинација, која пружа удобност и многу шик изглед.
Хрватската пејачка Северина (49) е една од најдобро облечените жени на нашите простори, а таа постојано ги изненадува следбениците со неочекувани парчиња облека и интересни модни експерименти.
Иако обично на настапи носи елегантни тоалети или сценски костими со кои може и да танцува, овојпат пејачката одлучила својот вообичаен стил да го зачини на интересен начин.
Имено, Северина на настап во Дубровник се појавила во кожна комбинација – кратка јакна и длабоки панталони. Сепак, тоа не е само уште една обична пролетна комбинација од кожа, туку Северина отишла чекор понапред и носела две парчиња во многу ефектна, црвена боја, која направила да изгледа уште поинтересно отколку во класичната црна варијанта.
View this post on Instagram
Хрватската пејачка се одлучила за длабоки панталони прилепени на телото, кои совршено ја истакнуваат нејзината линија, а струкот дополнително го нагласува кожниот црвен ремен.
Северина овој стајлинг го надополнила со обична бела маица со натпис „God Save The Queen“ и црни чевли на потпетица.
„Дубровник, тоа не беше само концерт, тоа беше навивање како на натпревар… Тоа беше чиста љубов. Ви благодарам, многу ми недостасувавте“, напишала Северина покрај фотографиите.