Пејачката на својата приказна на Инстаграм сподели сцена од филмот во кој игра познатиот српски актер Милош Биковиќ.
Пејачката Наташа Беквалац им се пофали на своите следбеници дека заедно со нејзината сестра Тања Мркиќ го гледале филмот во кој глуми актерот Милош Биковиќ и откри дека има симпатии кон него.
Наташа Беквалац се фотографирала со сестра ѝ во кино, па ја прашала: „А кажи ми, дали Биковиќ има девојка?
– Не е важно – одговори Тања, додека Наташа само се насмевнала.
– Навистина ми треба овој филм, „Сакам маж“ – се насмеа Наташа, која за потсетување има три брака зад себе.
Набргу потоа Наташа на својата Инстаграм приказна ја сподели сцената во која Милош е полугол и напиша: „Биковиќ е погенијален од кога било“.