За првпат во историјата ќе гледаме мундијалски натпревари во ноември и декември. Следат супер-интересни пресметки, а групната фаза на светскиот фудбалски собир ќе трае од 21 ноември до 2 декември.
Ќе се играат по четири натпревари дневно, во термините од 13:00, 16:00, 19:00 и 22:00 часот во првите две кола, а последното коло ќе понуди два термина, од 18:00 и 22:00 часот.
ГРУПА А:
1. коло (21 ноември): Катар – Еквадор, Сенегал-Холандија
2. коло (25 ноември): Катар – Сенегал, Холандија – Еквадор
3. коло (29 ноември): Холандија – Катар, Еквадор – Сенегал
ГРУПА Б:
1. коло (21 ноември): Англија-Иран , САД- Победник од УЕФА бараж
2. коло (25 ноември): Англија – САД, Поб. УЕФА – Иран
3. коло (29 ноември): Поб. УЕФА – Англија, Иран – САД
ГРУПА Ц:
1. коло (22 ноември): Аргентина-Саудиска Арабија, Мексико-Полска
2. коло (26 ноември): Аргентина – Мексико, Полска – Саудиска Арабија
3. коло (30 ноември): Полска – Аргентина, Саудиска Арабија – Мексико
ГРУПА Д:
1. коло (22 ноември): Франција- Австралија/Перу, Данска-Тунис
2. коло (26 ноември): Франција – Данска, Тунис – Австралија/Перу
3. коло (30 ноември): Тунис – Франција, Австралија/Перу – Данска
ГРУПА Е:
1. коло (23 ноември): Шпанија- Костарика/Н. Зеланд, Германија-Јапонија
2. коло (27 ноември): Шпанија – Германија, Јапонија – Костарика/Н. Зеланд
3. коло (1 декември): Јапонија – Шпанија, Костарика/Н. Зеланд – Германија
ГРУПА Ф:
1. коло (23 ноември): Белгија-Канада, Мексико-Хрватска
2. коло (27 ноември): Белгија – Мароко, Хрватска – Канада
3. коло (1 декември): Хрватска – Белгија, Канада – Мароко
ГРУПА Г:
1. коло (24 ноември): Бразил-Србија, Швајцарија-Камерун
2. коло (28 ноември): Бразил – Швајцарија, Камерун – Србија
3. коло (2 декември): Камерун – Бразил, Србија – Швајцарија
ГРУПА Х:
1. коло (24 ноември): Португалија-Гана , Уругвај-Јужна Кореја
2. коло (28 ноември): Португалија – Уругвај, Јужна Кореја – Гана
3. коло (2 декември): Јужна Кореја – Португалија, Гана – Уругвај
Осминафиналињата во кои патуваат двете најдобри селекции од секоја група се играат од 3 до 6 декември. Четвртфиналињата се закажани на 9/10 декември. Полуфиналињата се на 13/14 декември. СП 2022 ќе трае до 18 декември, а финалето ќе се игра на стадионот „Лусаил“ во 18:00 часот. Ден претходно, 17 декември, ќе се игра мечот за третото место.