Радио Милева роденденска забава и нова девојка?

Синот на Брена славеше роденден: На Виктор му пееја Прија и пејачката со која што го поврзуваа, а излезе дека сосема друга девојка „му е блиска“ (ФОТО)

Синот на Брена славеше роденден: На Виктор му пееја Прија и пејачката со која што го поврзуваа, а излезе дека сосема друга девојка „му е блиска“ (ФОТО)

Синот на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, Виктор наполни 24 години и по тој повод направи голема роденденска прослава.

Виктор облекол црн костум во кој се гледа дека линијата ја довел во нормла, а на прославата присуствувале многу познати личности.

Таму биле Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип, па снашката не пропуштила да испее неколку песни и да ги воодушеви сите присутни кревајќи ја атмосферата.

Снимките од прославата набрзо завршија на социјалните мрежи на Инстаграм профилите на гостите, а нема сомнеж дека атмосферата била извонредна. Виктор во еден момент  и ги дувнал свеќите на роденденската торта на која стои бројката со неговите години.

На роденденската забава била и пејачката Лена Чолак со која го поврзувааа дека има љубовна афера, а гласините дека се заедно таа ги демантираше со реченицата: „Среќен роденден на мојот брат“.

Она што е интересно е дека извесна Деа Милошевиќ била на роденденот и објавила мноштво фотографии и видеа, меѓу кои и фотографија на која присно позира со Виктор, а покрај истата ставила црно срце.

 

На честитките се приклучија и мама  Брена која на својот Инстаграм објави фотографија со синот.

Инаку, микрофонот покрај Прија го земале и Лена Чолак и пејачката Вања Мијатовиќ кои ги абавувале гостите.

Фото: Инстаграм принтскрин/milosevic.dea/viktorernest/lenacolak

To top