Откако пред три години се разведе од голманот Владимир Аврамов, пејачката вели дека не е во љубовна врска.
„Љубовниот статус ми е во минус, никако да стигнам до нула. Ми недостига љубовна врска, но досега никој не се појавил да ми го привлече вниманието. Најлошо е што се навикнувам на самотијата, а тоа ме плаши“ – вели Славица.
Пејачката со бившиот сопруг ја има ќерката Викторија но, жали што нема повеќе деца. А за неа вели дека никогаш нема да ја покажува во јавноста.
Ќуктераш има 37 години и се чувствува престара за да има деца.
„Би сакала да имам повеќе деца но, тоа е невозможно, мислам дека сум премногу стара за повторно да останам бремена“.
фото:принтскрин/инстаграм/cukterasslavica