Радио Милева очи, „ширум затворени“...

Лила има трепки за везден – нека трепка: „Убавината е битна само првите 15 минути, после нешто мора и да кажеш..!“ (ФОТО)

Лила има трепки за везден – нека трепка: „Убавината е битна само првите 15 минути, после нешто мора и да кажеш..!“ (ФОТО)

„Убавината ќе го спаси светот“ – вели една стара изрека, иако евидентно е дека светот веќе ништо го спасува, зашто оддамна се’ отиде „по ѓаволите“. Кога сме кај убавината и неа се’ помалку ја има, барем онаа – природната. Силиконските старлети ги заменија натуралните убавици, колагенот, имплантите, вештачките нокти, уметоците за коса, вештачките заби, леќите во боја за очи… и уште илјада и еден од таканаречените додатоци за убав изглед, многу од „селските убавици“ ги претворија во „силиконски барбики“. Ама тоа се модата и потребите на 21-от век!

Кога сме веќе и кај имплантите, додатоците и уметоците за убавина, на нив не останува имуна ниту една домашна жена, осбено не оние познатите од јавниот живот, а меѓу нив секако и нашата надолготрајна, но и се’ уште најдобра и најпопуларна ТВ водителка Лила Филиповска.

Нема да набројуваме се’ што знаеме и не знеме што Лила има вградено во и на себе, но она со што последно се пофали се новите вештачки трепки! И тоа не обични, туку како што досега имаше трајна шминка или трајни веѓи, сега има и трајни трепки! Или што би рекла  Лила – „трепки за везден“, па на себе прва ја демонстрираше нивната функционална употреба. И тоа јавно на својот Инстаграм, каде што ја сподели својата „трепкачка“ убавина без ништо да каже. Остави очите да зборуваат, а таа само трепкаше… И нека трепка!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Иако само пред некое време нашата водителка во своите Инстаграм приказни и самата сподели поучна порака кога е во прашање „голата убавина“:

„Убавината е битна само првите 15 минути, после нешто мора и да кажеш!“

За волја на вистината, Лила е една од оние ретките, која покрај убавината и тоа како може, знае и умее да каже… За разлика од повеќето други!

Ама некому и само нивното трепкање му е доволно. Зашто дур да трепнеш, тие веќе со „очи ширум затворени“, широко „се отвориле“!  Епа… нека трепка!

Фото: Инстаграм принтскрин/lilafilipovska

To top