Марија Егеља важи за една од најубавите и најзгодните српски ТВ презентерки, а таа уште еднаш покажа и зошто! Сексапилната убавица ги воодушеви своите следбеници со заводливото издание и фотографиите кои ги сподели на својот Инстаграм.
Откако откри дека добива љубовни писма до редакцијата, таа објави фотка на која позира и води програма во ултра кусо фустанче со длабоко деколте.
Но, она што на сите им падна во очи е необичниот крој на фустанот, односно она што и се мафташе меѓу нозе на водителката.
Најпрвин сите се запрашаа и чудеа што тоа и виси меѓу нозете на Марија, се додека набргу не сфатија дека тоа е крајот на панделката која стои на средина на фустанчето.
Водителката инаку е позната по тоа што го истакнува својот сексапил, па во неколку наврати имавме можност гледачите да ја видат во различни жешки изданија како ова.
Фото: Инстаграм принтскрин/marija.egelja/Јутјуб – Ново јутро