Некогашната пејачка Ноне Неделковска иако остана само како некогашна естрадна личност, таа се уште е актуелна за медиумите и јавноста. А тоа не е случајно и не е за ништо…
Ноне со работата на брод во која е активна веќе неколку години, а исто така и со нејзиното црномуресто момче, ја мами љубопитноста.
Неодамна таа повторно беше во родното Велес каде ги наполни батериите со енергија и љубов од своите сакани и повторно се упати на нова дестинација.
Овој пат – Турција. А таму исто како да не си бил ако не ги пробаш специфичните традиционални турски рецепти, да го видиш Босфорот и секако да посетиш турска бања. Ноне тоа не го пропушти.
Имено, таа на својот Инстаграм профил објави фотографија на која е разголена и запенета во амам, а во триењето и помага машка рака, но не откри чија е.
Дека и било убаво во релаксацијата потврдува нејзината широка насмевка и коментарот во описот дека е време за релаксација на турски начин.
-Уживај во патувањата, искуствата, насмевни му се на животот, напиша Ноне, а нема сомнеж дека нејзината девиза се движи само во таа насока.