Радио Милева скриена симболика

Агнеса Органџиева има „змиски бакнеж“… за тие што нема да ја слушаат! (ФОТО)

Агнеса Органџиева има „змиски бакнеж“… за тие што нема да  ја слушаат! (ФОТО)

По сите скандали што ја следеа, „семејната сапуница со разводот“ од нејзиниот бивши сопруг и наводната тепачка со колешката на работа, Агнеса Органџиева меѓудругото не е само скандал дама, туку таа  важи за една од најпознатите инфлуенсерки на Инстаграм, каде нејзиниот профил има повеќе од 50.000 следбеници на оваа социјална мрежа. На професионален план таа е дипломиран правник, додека приватно во моментот е „жена без обврски“, но и мајка на две ќерки – поголемата Вивиен и помалата Тифани која неодамна го прослави својот 10-ти роденден.

Фотографиите и видеата од роденденската забава ги сподели на својот Инстаграм профил,  а дел од македонските портали открија како изгледала прославата,.

Покрај вообичаениот амбиент, со слатки, торта, балони, конфети…  пристуните ги анимирал познатиот Војо Иванов со своите несекојдневни „домашни“ миленици.

Токму некои од роденденските фотографии, а и оние малку пред тоа објавени на нејзиниот Инстаграм профил ја откриваат „другата страна“ на русокосата убавица. За некои бизарна, за некои страшна и одвратна, за трети лигава, за неа сосема нормална работа, за „домашен миленик“ да се чува голема змија.

Имено некои чуваат кучиња, мачиња, папгали… а Агнеса дома чува кралски питон. Жива змија која не е до душа отровница, ама сепак е змија.  Агнеса очигледно не само што не се плаши туку чувањето на нејзиниот „ползечки“ миленик, како што еднаш самата ќе изјави за еден од македонските портали, е возбудливо!

До душа,  во што лежи возбудата, дали во предизвикот постојано да треба да ја имаш на око и кога не ти е, а и кога ти е в раце, дали заради нејзиниот облик, форма, величина и еротска симболика, или можеби заради чувството на моќ  да се поседува миленик од кој речиси сите се плашат и не им е баш мил – русокосата трендсетерка не објасни!

Со нејзиниот „змиски бакнеж“ со албино питонот на роденденската забава само ја потврди тезата дека Агнеса не случајно избрала да биде „блиска“  со змијата!

Она што можеби ја објаснува природата на желбата на Агнеса змијата да и биде „најдобра дугарка“ или „домашна цимерка“ е можеби еден нејзин не така дамнешен пост, споделен на нејзините Инстаграм приказни!

Само шеговита или можеби сериозна „скриена“ порака, упатена до оние кои во неа ќе се препознаат… Или веќе ја искусиле силата и моќта на „змискиот бакнеж“ на русокосата! Иако некој ќе рече дека… За секоја „змија“, секогаш ќе се најде некој… „мунгос“!

Фото: Инстаграм принтскрин/agnesaorgandzieva

To top