Една од најголемите македонски поп ѕвезди, нашата евровизиска по дива тамара Тодевска, во четврток, на 17 март 2022 година ќе има свој настап во клубот „Станица26“ во Скопје.
Нејзиниот лајв перформанс е предвидено да започне во 21 часот, а билетите можат да се набават на влезот во клубот. Тамара ќе изведе голем дел од својот добро познат музички репертоар и нешто што секогаш е ново изненадување за публиката.
„Задоволство ни е да ја имаме одново на сцената… Дами и господа – Тамара Тодевска“- порачуваат организаторите асоцирајќи на претходните нејзини настапи во истиот простор и ве покануваат да дојдете на нејзиниот вечерен настап.