После 30 години, легендарните – Банкрот блуз бенд ( Сашо Гигов – Гиш, Петар Ренџов и Игор Атанасоски – Харе) се собраа повторно, за да му оддадат почит на големиот Блаже Конески.
Бендот направи обработка на неговата песна „Починка“, во нивен блуз стил. Новиот аранжман го потпишува Игор Атанасоски – Харе, а продукцијата е на Мите Димовски од „Тра-ла-ла студио“.
Да ја прославиме 100 годишнината од раѓањето на великанот Конески со убава македонска песна“ – порачува бендот, а публиката се радува на нивното враќање на сцената!
Инаку песната за прв пат е изведена на „Скопскиот фестивал“ во далечната 1976 година, од легендарната словенечка џез пејачка Зденка Ковачичек. Автор на музиката на стиховите на големиот Конески, е познатиот македонски композитор Љупчо Константинов.
Додека ја чекаме новата кавер блуз верзија на „Банкрот блуз бенд“, слушнете како звучи оригиналот од пред 46 години.