Водителката на утринската програма на ТВ Пинк, Јована Јеремиќ со една необична постапка среде емисија ги шокираше гледачите крај ТВ екраните.
Јована додека ја водеше утринската програма, во студиото во еден момент ги соблече чевлите на високи потпетици, а потоа пред камерата без проблем си облече ролери.
Таа седната на подот од студиото додека ги менуваше чевлите ја соблече и јакната, па останала само во длабоко деколтирана црна маичка од тантела на прерамки, во која до израз дојдоа немирно разиграните гради.
Водителката зборуваше за тоа колку физичката активност е важна за здравјето, но и за добриот изглед, а додека тоа го говореше по студиот се возеше на ролери.
Јована привлече големо внимание, а по нејзината необична постапка следеа бројни реакции на социјалните мрежи, меѓу кои највпечатлива онаа: „Таман мислевме се’ сме виделе од неа“!
Фото: Инстаграм принтскрин/jeremicjovana