Саша Поповиќ се огласи по написите дека наводно Ѓорѓе Давид праќал провокативни пораки и фотографии на учесничката во „Ѕвездите на Гранд“, Мирјана Поповиќ.
– Личност под име и презиме Мирјана Поповиќ никад не беше кандидат во „Ѕвездите на Гранд, ниту се пријави преку оналјн аудицијата. Доколку се пријавила под друго име и презиме, тогаш се работи за лажно претставување. Го осудувам сексуалното или било кој друг начина на злоупотреба, се ова го кажувам бидејќи Ѓорѓе Давид е одличен сопруг и татко, и почитуван член на жирито, изјави Поповиќ.
За потсетување, Мирјана Поповиќ во јавност изнесе дека рокерот и праќал експлицитни пораки.
фото: принтскрин