Бритни Спирс претходната година успеа да се ослободи од старателството на нејзиниот татко кој 13 години раковедеше со нејзиното богатство и со нејзиниот живот
Во еден од последните постови, Бритни образложи што и правело семејството во изминатите години, па ја избриша објавата.
-Во овој свет изгледа е во ред да ја заклучите ќерката и да ја натерате да работи седум дена во неделата, по 10 часа дневно без ниту еден слободен ден. Немав право на приватност, ме гледаа кога се пресоблекував, ме дрогираа, не смеав да зборувам. Морав често да бидам достапна за докторите, а ако не дојдов на време, морав да останам подолго, вели Бритни во својата изјава.
– Никогаш не ми кажаа каде може да одам. Секоја вечер во 21ч морав да одам на спиење. Ова ми се случуваше цели четири месеци за време на 13 години старателство. Дадов се од себе,за да на крајот бидам отфрлена. Ништо не и значев на моето семејство, им бев марионетка која постојано мораше да работи и да глуми дека се е во ред. Најлошо од се беше што се беше прифатено во јавност, од публиката која најмногу ја сакав, вели Бритни.
Пејачката вели дека не е во ред луѓето кои и наштетиле да поминат без казна, а на следбенците им испрати моќна порака и им порача дека не се сами доколку се борат за својот живот.
-Мислам дека е време по 13 години да одам на одмор бидејќи никој не требаше да биде третиран како јас. Никој не требаше да го проживеа она што го преживеав јас. Причина поради која ова го велам е бидејќи голема работа е да за ослободиш од старателство…Тоа е тоа? Сите се извлекоа. Не сум готова, сакам правда и нема да запрам додека не им се случи на оние кои ме повредија. Ова е порака за сите кои се плашите за својот живот, не сте сами, порача Бритни Спирс.
фото: епа