Радио Милева во добри односи

Саша Ковачевиќ го прашаа дали сака Милица Тодоровиќ да му биде снаа – еве што одговори

Саша Ковачевиќ го прашаа дали сака Милица Тодоровиќ да му биде снаа – еве што одговори

Пејачката Милица Тодоровиќ во 2009 година ја раскина врската со Раде Ковачевиќ, братот на нејзиниот колега Саша Ковачевиќ.

Тие беа во врска четири години, а по раскинувањето останаа во добри односи.

Иако ставија крај на нивната љубов, и понатаму се пишува за некогашната двојка, а сега за нив проговори и Саша Ковачевиќ.

На прашањето дали сака Милица да му биде девојка, тој одговори:

-Тоа некако е завршена приказна…Стара приказна меѓу неа и мојот брат, така да не сакам да навлегувам во тоа.

Инаку, неодамна Милица се најде во друштво на Раде, а кога пејачката го виде не остана рамнодушна.  На снимката се гледа како Милица му се приближува на Раде и му вели:

-Па, каде си Раде?

Милица Тодоровиќ го гушка бившото момче: Пејачката и братот на Саша Ковачевиќ одново во „шема“? (ВИДЕО)

Тодоровиќ во една прилика зборуваше за своите бивши, па истакна дека со нејзините потенцијални свекрви секогаш била во добри односи.

фото: Дамир Дервишагиќ/принтскрин/инстаграм

 

To top