Денот на жената се празнува на 8ми март. На овој дамите добиваат честитки, но и подароци.
Најчесто на овој се упатуваат честитки, пораки, пофалби до жените ширум светот. Познатите македонски дами се огласија и преку социјалните мрежи испратија пораки за 8ми март.
Македонската водителка и пилатес инструкторка, Свеже Велков често на својот „Инстаграм“ знае да направи „парампарче“ со емотивни статуси.
Овој пат, за „Денот на жената“, Велков ги пофали и им се заблагодари на мажите што секогаш ги чуваат жените.
– Фала ви момци!
-Фала што не сакате.
-Фала што не гушкате
-Фала што доаѓате кога ќе ни застане колата дека сме заборавиле да ставиме бензин.
– Фала што чат пат не лажете дека не сме се здебелиле.
-Фала и што се правите дека не слушате кога имаме да се испожалиме од работа.
-Фала што и наспроти понуденото решение и понатаму не слушате како кукаме.
-Фала и што нè чекате по молови и бутици додека не можеме да одлучиме кој фустан да го купиме.
-Фала и што имате разбирање кога ќе речете врти лево а ние вртиме десно.
-Фала што трпеливо седите и чекате додека да ни пројде фазата “немам што да облечам” кога се спремаме за искачање.
-Фала што ги кревате тешките работи,пумпате гуми,менувате уље и течност за прозори.
-Фала што ги носите децата на ушка.
-Фала што во еден потег ја кревате количката сосе дете по скали
-Фала што им купувате кришум нездрава храна на децата,додека ние мајките се секираме да не им стане нешто..
-Фала ви момци што не трпите и мудро чекате да пројде Осми март.Да поминат сите повици за еднаквост,дискриминаторски статистики,скапи цвеќиња и подзабегани изјави.
-Фала ви момци што сме различни.
-Да бевме исти ќе требаше да се докажуваме кој има поголеми болки при менструација и чив ПМС е полош за преживување‼️
-Да живее различноста!
-Да живее Осми март!, напиша таа покрај фотографијата на која позира со цвеќе во раката
Инаку, неодамна Снеже го прослави својот 40ти роденден. Таа од 2006 година е во брак со сопругот Дарко и има две синчиња, Дарин и Ален.
фото: Инстаграм/velkovsneze