Холивудската актерка Мила Кунис првпат се огласи по нападот на Русија врз нејзината држава Укриана.
Мила и Ештон започнаа кампања „GoFoundMe“ за собирање средства за Украинците погодени од нападот врз Русија и донирале 3 милиони долари.
-Додека сведочиме на храброста на Украиниците, сведочиме и на незамисливиот товар за оние кои се одлучија да заминат на сигурно. Овие средства ќе бидат наменети за бегалците, порача парот на видео снимката која ја објави на Инстаграм.
View this post on Instagram
-Родена сум во Укриана во 1983 година. Во Америка дојдов во 1991 година и отсекогаш се сметав за Американка. Горда сум. Благодарна сум за се што оваа држава направи за мене и моето семејство. Но, сега не можам да не бидам горда што сум Украинка, порача Мила и додаде:
-Oва што се случува во Украина е понижувачко. На овој свет нема место за ваков напад врз човештвото“,.
-Украинците се силен и храбар народ, но тоа што се силни и храбри не значи дека не им треба поддршка. Морам да го поддржиме народот во Украина, заклучи Мила Кунис.
Ештон додаде дека никогаш не бил погорд што е во брак со Украинка и истакна дека е важно да се помогне на Украинците кои трпат поради руска инвазија.
Инаку, Ештон Кучер и претходно на социјалните мрежи ја поддржуваше Украина.
фото: профимедиа/Shutterstock/Instagram