Шако Полумента повторно е во центарот на скандалите. Пејачот кој бившата учесничка во „Задруга“, Мина Врбшики го обвини дека и праќал непристојни пораки и видео снимки додека таа уште немала 18 години, продолжува да праќа експлицитни видеа и тоа на малолетници, пишуваат српските медиуми.
Како што пишуваат домашните медиуми, малолетното девојче добила снимки на кои пејачот е без облека додека и зборува непристојни работи и ја повикува на интимни односи.
-Дај ми малку да те гледам. Дај сė да видам. Си дојде ли дома да те видам, те нема, се слуша на првата снимка, а пренесува курир.рс
Се огласи и мајката на малолетничката на која Полумента и праќал видеа.
-Таа ситуација не сакам да ја коментирам, ниту сакам да имам нешто со него. Кога ми покажа што и пратил, се згрозив. Не знам дали само не неа праќал снимки или тој број на девојчиња се зголемил, порача мајката за домашните медиумите, додека Шако бил поради овој скандал.
-Видеата ги праќа некоја будала. Таа приказна веќе е кажана. Не знам зошто им давате значење на тие луѓе, јас не го заслужив тоа. Јас направив толку убави работи, а вие се фаќате за стари снимки, порача Шако.
Инаку, ова не е првпат да се појават интимни снимки од пејачот во јавност.
фото: инстаграм