



Не дека русокосата и досега не поседуваше телесни квалитети, напротив… особено откако драстично ги стопи килограмите, Миа е згодна, неопходна, привлечна… вистинска „секси мама“!

Сепак, дамнешната желба за 90-60-90 не можеше никако поинаку да ја оствари… Тоа не се постига ниту со теретана ниту со козметички третмани… Или ги имаш или не… Ама затоа, денес е лесно. Ако не ти ги дала мајката природа, ќе ти ги надоградат естетските стручњаци! Миа се реши и легна… под нож, кој во вештите раце на естетските хирурзи од најпознатата приватна болница во Македонија, од неа ќе направат нова Памела!

И секако, ќе и го остварат силиконските сништа: Да шета со напрчени гради и делник и празник во маичка без градник!
