Популарната пејачка Ријана само што се врати од недела на модата во Милано, продолжи да ги поместува границите кога се работи за нејзиниот стил.
Овој пат, пејачката на ревија во Париз се појавила во проѕирен мрежест костим на дизајнерската изложба на женска облека за есен/зима 2022/2023.
На „Диор“ ревијата пејачката се појавила во танга, па ги собра сите погледи, а во прв план беше нејзиното трудничко стомаче.
Таа е навикната да го привлекува вниманието со своите стајлинзи, па така продолжи и за време на бременоста.
Таа неодамна откри дека моментално ја промовира идејата за секси трудница.
„Моментално работам на промовирање на идејата дека трудниците сè уште изгледаат привлечно, иако околината ве тера да го правите спротивното, да сoкриете нешто. Затоа се обидувам да носам работи за кои можеби немав доволно самодоверба да ги пробам пред да забременам“, изјави Ријана.
Пејачката вели дека се надева дека нејзината линија на долна облека „Savage x Fenty“ им овозможува на сите нејзини клиенти да се чувствуваат секси, откривајќи дека ѝ е важно никој да не се чувствува исклучено.
фото: тањуг.ап