Радио Милева тежок период

Непознати детали од животот на пејачката: Ана Бекута живеела под кирија кај овој естраден пар

Непознати детали од животот на пејачката: Ана Бекута живеела под кирија кај овој естраден пар

Пејачката Ана Бекута тешко ја поднесе смртта на нејзиниот партнер Милутин Мркоњиќ Мрка со кој живееше 10 години.

Пред Мрка, Ана беше во брак со Предраг Видовиќ, а пејачката во една прилика зборуваше за периодот кога живеела во тешки услови.

-Иако тогаш кариерата ми беше на врвот, не сакам да се вратам во тоа време. Се сеќавам дека плаќав кирија во изнајмен стан во Сењак. Најверојатно тогаш сите мислеле дека имам многу пари, но вистината е друга. Мојата сестра Милина беше без работа, помладата Добрила живеше од плата на медицинска сестра, татко ми во тоа време беше тешко болен. Кај мене во изнајмениот стан примаше инфузија бидејќи немаше место во болница. Набргу не напушти…изјави Бекута пред неколку години и додаде:

-Син ми Игор во тоа време беше во војска, а многу се плашев. Се плашев за сите и ми беше многу тешко. А на сцената тоа не смееше да се забележи, сите зависевме од мојата насмевка и моите песни. Не сакам да звучам како голема маченичка има луѓе на кои им било потешко од мене, но криво ми е што некои поединци веруваат во погрешната верзија дека јас профетирав на туѓа несреќа. Вистината е дека не добив ни стан, ни плац, ни здравствено осигурување. Едноставно се изборив за своето семејство и на тоа сум многу горда, вели пејачката.

-Кога се разведе од Предраг, таа живееше кај мене и Биљана, тоа беше во текот на 90тите. Ние имавме стан на Сењак, таму живееше некои 7 години додека не си купи сопствен стан. Тоа не беше кираџиски однос, туку пријателски. И ден денес сме во добри односи, а што се случувало во Шапац не знам. Со Предраг и неговата сопруга се гледаме на прослави кај заеднички пријатели и Ана не ми се лути што сум во добри односи со нив, изјави Аца Илиќ пред неколку години.

фото: принтксрин/anabekuta/jutub

To top