Пејачката Џамала која во 2016 година победи на Евровизија, по бегањето од Украина сокривиште најде во Истанбул, Турција.
Џамала во 2016 година ја претставуваше Украина на Евровизија. Таа сега ја напушти сопствената држава поради нападот на Русија.
-Русија ја напаѓа мојата земја. Мирни луѓе во украински градови. За мене ова е глупост. Потребна ни е помош оф целиот свет. Оваа војна мора веднаш да заврши, порача таа.
За време на викендот, пејачката на Инстаграм објави дека заедно со децата ја напуштиле Украина без нејзиниот сопруг кој останал да ја брани нивната држава.
זמרת על הכוונת | ג’מאלה, זוכת האירוויזיון האוקראינית שנמלטה מארצה בריאיון ל-@mayarachlin: אני לא מרגישה בטוחה גם עכשיו. סימנו אותי, פחדתי שאהפוך למטרה. מצפה מהקהילה הבין-לאומית שלא יהיו אדישים. מודה לאירוויזיון על ההחלטה להדיח את רוסיה מהתחרותhttps://t.co/UtIl7HqwTY#ערבערב pic.twitter.com/TKoyqMBYlm
— כאן חדשות (@kann_news) February 28, 2022
По доаѓањето во Истанбул, пејачката се вклучи во емисија во живо и зборуваше за напуштањето на нејзината земја.
-Вечерва пристигнав во Истанбул кај сестра ми. Одлучив да го напуштам Киев вечерта на 24 февруари кога во близина на мојата куќа се слушна експлозија. Одлучивме заедно со семејството да одиме во Западна Украина. Таму поминавме една ноќ со некои луѓе. Размислувавме таму да останеме и да чекаме да се разјасни ситуацијата, изјави таа.
Меѓутоа, откако беше заробан аеродромот во близина на Киев, одлучила да ја напушти земјата и сокривиште да најде во Истанбул.
-Немам доверба. Дури и во 2016 година кога со песната „1944“ бев на Евровизија се беше поразлично. Во цела Русија се водеше кампања против моето семејство. Не се чувствувам сигурно, додаде пејачката.
фото: Kann News/инстаграм