Селена Гомез ги изненади сите кога на доделувањето на филмските награди „SAG Awards“ се појави потполно боса.
Таа ги оставила своите црни салонки додека се качувала на сцената.
What happened to Selena Gomez’s shoes? #SAGAwards pic.twitter.com/Hxv5nrsYqE
— Dave Quinn (@NineDaves) February 28, 2022
Сите го забележаа овој детаљ, па на социјалните мрежи се појавија видеа и фотографија од Селена, а повеќето од фановите се воодушевени од овој потег.
„Босонога Селена е најдоброто нејзино издание досега“, „Босата Селена Гомез досега е мојот омилен дел од „SAG Awards“, се само некои од коментарите.
Инаку, Селена пред да излезе на сцената и да ја додели наградата за најдобра споредна улога на актерката Ариана Дебос, Гомез во обувките со високи потпетици се сопнала од килимот, па токму и поради тоа одлучила да излезе боса на сцената, за да не направи некој гаф.
фото: принтскрин/јутуб/профимедиа/JAY L. CLENDENIN/LOS ANGELES TIMES