Радио Милева на прво место

Прва на листата во обложувалниците: Дали Украина е овогодишен победник на Евровизија?

Прва на листата во обложувалниците: Дали Украина е овогодишен победник на Евровизија?

Песната „Стефаниа“ со која музичкиот состав Калуш Оркестар ќе ја претставува Украина на Евровизија за само неколку дена се најде на прво место во обложувалниците за победа на ова музичко натпреварување.

Имено, по војната во Украина, песната „Стефаниа“ последните неколку дена со огромна брзина започна да се качува на врвот.

Нумерата со која украинскиот пејач ќе се престави на Евровизија 2022 е комбинација на традионална украинска музика со рап, а посветена е на сите мајки.

На страниците за кладење, покрај името Украина, името и презимето на изведувачот стои и сино и жолто срце во знак за поддршка.

За потсетување, Европскатаа радиодифузна унија неодамна истакна дека Русија е исфрлена од Евровизија 2022.

фото: јутуб/Youtube/JUGOVIZIJA/eurovisionworld.com

To top