Некогашната мисица, Анастасија Лена на својот Инстаграм објави фотографија на која позира со пушка во рацете.
Како што пренесуваат светските медиуми, Анастасија истакнала дека е подготвена да го ризикува животот за да ја одбрани својата земја.
Која е Анастасија Лена?
Имено, Анастасија со манекенство се занимава од мали нозе, но големата популарност ја стекна во 2015 година кога својата држава ја претставуваше на изборот за убавина „Miss Grand“. Освен манекенството, таа ја сака и глумата.
Неколку години работела и на турска телевизија.
Анастасија со своите објави привлече огромно вниамние во светската јавноста, а за само два дена нејзиниот Инстаграм профил ја заследија нови 130 илјади луѓе, па ја следат повеќе од 200 000.
Мисицата по кариерата во манекенството, дипломирала маркетинг и менаџмент во Киев.
Работела како менаџерк за односи на јавност во Турција.
фото: инстаграм/anastasiia.lenna