Македонскиот победник на „Ѕвездите на Гранд“, Ристе Ристески откако фати пандемијата со коронавирусот, не беше многу активен на социјалните мрежи, па речиси воопшто не објавуваше фотографии.
Меѓутоа, Охриѓанецот повторно е активен, посебно на „Инстаграм“ каде што редовно објавува постови и во последно време знае да објави фотографија на која е разголен, истакнувајќи ги неговите атрибути и згодно тело.
Овој пат, на неговата последна објава Ристески позира гол по туш. Македонскиот пејач на едната фотографија позира свртен со грб додека тече вода по него…
На другите пак објави, Ристе прави селфи со предниот дел од камерата.
Тој за објавите собра над илјадници лајкови,а неговите следбеници оставија коментари најчесто со емиткон на срце или огинче.
Инаку, Ристе досега е единствениот Македонец кој победи во „Ѕвездите на Гранд“ во 2017 година. Тој важеше за фаворит во музичкото шоу, а посебно беше миленик на Јелена Карлеуша која неколку пати истакна дека изгледа многу згодно и дека многу и е секси македонскиот јазик.
Дали Ристески наскоро ќе подготви нова песна, останува да видиме.
фото: инстаграм/riste_risteski