Ова девојче денес е поп – фолк пејачка која учествуваше во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“. Родена е на 22 септември 1995 година.
Таа вели дека талентот за пеење го наследила од нејзината мајка и баба. Од мали нозе пеела на приредби и јавни случувања, а сега ги полни клубовите каде и да се појави.
На 14 години започнала да пее на свадби и други прослави, а учеството во „Ѕвездите на Гранд“ и го промени животот.
Таа е снаа на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ. Пејачката е омажена со посинокот на Лепа Брена, Филип Живојиновиќ, а својот приватен живот не сака да го експонира во јавност.
Ќе погодите ли која пејачка на фотографија?
Се работи за Александра Пријовиќ. Таа на својот „Инстаграм“ сподели фотографија од периодот кога била дете, а под објавата доби еден куп коментари.
фото: принтскрин/aleksandraprijovic