Во понеделник, 28.02, 2022 год. (понеделник) во Бејрут, Либан ќе се одржи изборот за Мис на Европа за 2022 година.
Финалистките веќе две недели се во Бејрут, каде се подготвуваат за големото финале. Нашата држава ќе ја претставуваат две девојки, Ана Брзанова, 22 – годишната гевгеличанка и Мија Стерјовска, 18 години од Скопје.
И двете се членки на Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за Македонија за овој најголем европски избор за убавина.
Мики Црнокрак, сопственикот и менаџер на модното студио „Црнокрак“ со девојките исто така е веќе две седмици во Бејрут, каде Македонките се подготвуваат за настапот на големиот настан.
Да им посакаме добар настап и многу среќа на нашите убавици и се надеваме на убави вести од Бејрут во понеделник вечер.