Радио Милева комплименти

Нова љубовна двојка на естрадата? Милица Павловиќ му „фрли око“ на Војаж – „Тој е згоден фраер“

Нова љубовна двојка на естрадата? Милица Павловиќ му „фрли око“ на Војаж – „Тој е згоден фраер“

Пејачката Милица Павловиќ призна дека сака помлади момчиња и дека колегата Михајло Веруовиќ Војаж е згоден фраер.

Младиот рапер неодамна истакна дека „секси сењорита“ е најубава пејачка, а таа веднаш му возврати на комплиментите.

-Имам прекрасно мислење за Војаж и ја обожавам неговата музика. Тој е младо и убаво момче. Не знам дали е мој тип, но јас сакам млади момчиња… вели Милица и вели дека Војаж е еден од ретките кои ја поддржал кога ја нападнаа поради ликот на Косовска Девојка во спотот за песната „Црна јутра“.

-Тој ми прати порака со поддршка и ги ценам таквите гестови. Ми кажа дека станува актер и дека со режисерот Милош Аврамовиќ работи на некоја серија. Драго ми е поради него, вели пејачката.

Павловиќ вели дека сака Сара Јо сака да ги претставува на Евровизија.

-Мислам дека Сара ќе замине на Евровизија. Таа сигурно визуелно ќе се потруди, има добра песна, млада е, убава и зборува неколку јазици. Мислам дека ќе биде добар претставник, вели пејачката.

За потсетување, Милица досега ги криеше своите момчиња од јавност. До неодамна беше во врска со ватерполистот Николас Савељиќ кој е помлад од неа шест години.

фото: Инстаграм/senoritamilica/принтскрин

To top