Канадскиот пејач и актер, Мајкл Бубле (46) и неговата сопруга Аргетинката Луисана Лопилато (34) го очекуваат четвртото дете. Среќната вест парот ја откри во новиот спот за песната „I’ll Never Not Love You“.
Спотот, наводно е продолжение на неговиот прв спот за песната „Haven’t Met You Yet“ во кој заедно се појавуваат.
– ‘Haven’t Met You Yet’ беше прекрасен почеток на вистинска романса. Десет години подоцна приказната продолжува со извонредно продолжение за „I’ll Never Not Love You“ , напиша пејачот на Твитер.,
Луисана на Инстаграм пак објави фоторафија на која трите деца и го бакнуваат стомакот, со натпис „Упс, го направивме тоа повторно“.
Мајкл и Луисана се во брак од 2011 година и веќе ги имаат синовите Ноа (8) и Елиас (6), како и тригодишната ќерка.
фото: Lionel Hahn/Press Association/PIXSELL/Instagram