Маја Беровиќ се породи вчера (21.02.2022) во болница во Австрија.
Пејачката на свет донесе машко момче за кое го одбра името Лав.
Како што пишуваат медиумите, пејачката за породувањето наводно потрошила 7 000 евра.
Таа ја одбрала ова болница бидејќи постои можност да дојде фризер, за миникир и педикир, како и посебна соба за медитација.
-Таа живее на адреса Белград – Грац, но бременоста ја водеше во Австрија. Породувањето чини 7 000 евра, а во цента се вклучени и трошоците за фризер, миникир,педикир и соба за медитација. Болницата изгледа како онаа од филмовите, па сигурно Маја ќе ужива во првите денови со синот, изјави извор.
Инаку, Маја неодамна откри зошто баш сега да се реализира во улогата на мајка.
-Градев кариера, да се посветев на мајчинството немаше да го направам тоа што го направив. Јас си исполнив тоа што требаше да го исполнам. Сега се разбуди желбата во мене да имам нешто што ќе биде дел од мене, не треба да форсирате, туку да го почекате вистинскиот момент, изјави Маја во една прилика.
фото: инстагра/mayaberovicofficial